Халкбанк со поддршка на овогодинешниот „Скопје Лајт Арт Дистрикт“

Како општествено одговорна банка, Халкбанк АД Скопје годинава со огромно задоволство, го поддржа четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светлосна уметност – „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, кој е дел од ROCK проектот и Хоризонт 2020 програмата на Европска Унија, наменета за истражување и иновации.

Оваа година фестивалот ја поврза симболиката на светлината со сонцето и со иднината, и токму како таква се совпадна со кампањата на Халкбанк за славењето на својот јубилеј од 10 години на македонскиот пазар чиј наслов е “Иднината е светла”.


Па така,преку оваа поддршка, која е пред сѐ наменета за убави реализации во културниот и уметничкиот домен од нашето опкружување, истовремено заеднички ги одбележивме и јубилејот на нашата држава и јубилејот на банката.


Инаку покрај финансиската поддршка на фестивалот, банката организираше и наградна игра со ваучер во висина од 6.000 денари за авторот на најдобрата фотографија од случувањата на фестивалот.


Халкбанк продолжува со активна вклученост и поддршка во сите сфери од општествениот живот, како и со промовирање на здрави животни навики кај заедницата, за заедничка и подобра, светла иднина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …