(ФОТО) Филм за кралскиот пар: Се снима љубовната приказна на принцот Хари и Меган Маркле!

Популарната кралска романса добива свој филм…
Возбудливи вести ги израдувале сите фанови на принцот Хари и неговата свршеница, бившата глумица, Меган Маркле.
Продуцентската куќа „Lifetime” прави филм за нивната романса под наслов „Хари и Меган: Кралска љубовна приказна“. Филмот ќе се концентрира на самиот почеток на нивната врска но и свршувачката која се случила во ноември 2017. година.


Во филмот, исто така, ќе има и делови кои ќе го претстават делот од животот кој Меган Маркле го минала после разводот но и периодот кога глумела во популарната серија „Суитс“ („Костуми“).
Продукцијата моментално е во фаза на избор на глумци, а премиерата е закажана за 11. дена пред венчавката која ќе се случи на 19. мај оваа година.
Принцот Хари и Меган Маркле ќе се венчаат на 19. мај во црквата Сент Џорџ во замокот Виндзор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …