(ФОТО) Гиги Хадид со апел до јавноста: Загрижена е за својата ќерка!

ГИГИ Хадид не сакаше да зборува за нејзиниот приватен живот откако стана мајка и само повремено се огласува на Инстаграм за да сподели неколку фотографии.
Во отворено писмо, таа им се обратила на папараците и обожавателите и ги замолила за приватноста на нејзината ќерка Каи.
„Ова го посветувам на: папараците, новинарите и моите сакани обожаватели. Сигурно сте забележале дека намерно никогаш не го покажуваме лицето на нашата ќерка на социјалните мрежи. Би сакале таа да избере како и што да сподели со светот кога ќе стане полнолетна. Ние сакаме таа да расте нормално, без притисок, бидејќи таа самата не го избра тоа”, напишала таа во својот апел.


View this post on Instagram

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)


„Ве молам, замаглете и го лицето на фотографиите ако некогаш ја фати камера“, замолила таа, заблагодарувајќи им се на фотографите кои ја почитуваа молбата и се држеле подалеку од неа и Каи за време на прошетка низ Њујорк.


26-годишната манекенка ги повика сите свои обожаватели и следбеници да го искористат своето однесување за унапредување на заштитата на малолетните лица во медиумите, дури и’ кога потекнуваат од јавни семејства.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …