(ВИДЕО) Вал Килмер ја споделил својата животна приказна и ги растажил фановите

Откако излезе трејлерот за новиот документарец за животот на актерот Вал Килмер, неговите обожаватели го поддржаа поради неговата шокантна приказна, која сега ја сподели со јавноста.
Во трејлерот е прикажан Вал Килмер – ѕвездата на „Врелина“, „Топ Ган“ и „Бетмен засекогаш“, како зборува со помош на вокално помагало.
На Килмер во 2015 година му беше дијагностициран рак на гркланот, што актерот првично го криеше од јавноста. Килмер претрпе трахеотомија, што влијаеше на неговата способност за зборување, односно сега може да зборува само со помош на вокален апарат.


Поголемиот дел од документарниот филм се состои од кадри кои Килмер си ги снимил за време на животот, и дома и на сет. Остварувањето во режија на Лео Скот и Тинг Пу ќе ја има својата премиера на Канскиот филмски фестивал.


Трејлерот предизвикал силни реакции и сочувство од фановите на Килмер.
„Го видов трејлер за вашиот филм и сакав да ви испратам многу љубов и добри вибрации. Продолжете да го споделувате вашиот глас, маки и болка со нас. Преку тоа, ги инспирирате другите да го сторат истото”, гласи еден од коментарите .

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …