(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови.
Сокот од краставица помага во намалување на температурата на телото, исклучително алкализирачки и ефикасен за отстранување на мокрачна киселина во крвта. Пиењето на овој сок може да предизвика блага болка – што значи дека старите токсини почнуваат да исчезнуваат од телото. Се разбира, ако реакцијата е сериозна, тоа може да биде нешто друго и треба да проверите со експерт.
Краставицата совршено го хидрира телото. Дури 95. проценти од ова растение е составено од вода.
Воспалението за време на чистењето може да се олесни со целер и ѓумбир. Совршена комбинација!


Рецепт за сок од краставица:
1 краставица со средна големина
2 стебленца целер
парче лимон
парче млад ѓумбир
Иситнете ги сите состојки во блендер, процедете и разладете се во текот на жешките летни ноќи.


Целер
Целерот одамна е познат како лек за намалување на крвниот притисок, особено кога се комбинираат целерот и сокот од морков. Кога се комбинираат целерот и сокот од лимон, тоа е добро против настинка.

Краставицата го хидрира организмот


Растение богато со витамини
Краставицата има исклучително висока содржина на вода – дури 95% и затоа е совршена состојка за длабока хидратација.
Покрај вода, краставицата содржи и витамин Ц (одличен за ревитализација на кожата), А и Б1, кои го намалуваат стресот, го хидрираат организмот и се одлични за косата, бидејќи и го враќаат сјајот.
Богато е со антиоксиданти и силициум, а е одлично за маска за лице, ги намалува темните кругови и го враќа сјајот и свежиот изглед на кожата.


Фото: Принтскрин/Youtube/Village Food Secrets

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …