„ОД ОРКЕСТАРОТ ЗА ПУБЛИКАТА“ „ОПЕРА БЕЗ ЗБОРОВИ“ – Отворање на фестивалот „Скопско лето“ на 21.06.2021 од 21.00 часот.

На 21.06.2021 година со почеток во 21 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе биде изведен  концерт на оркестарот на Национална опера и балет   „ОД ОРКЕСТАРОТ ЗА ПУБЛИКАТА“ „ОПЕРА БЕЗ ЗБОРОВИ“ –Воедно претставува Отворање на фестивалот „Скопско лето 2021  на 21.06.2021 од 21.00 часот.

Концертот опфаќа дела од  П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди.


Диригенти:  Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ
Режисер: Дејан Прошев

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.


Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …