Спомени, бескрајни спомени… Добрите спомени немаат крај…Но добро е што добар дел од нив се забележани како овој од Сиднеј кога Тоше на грб ја носи Андријана…Секој кој добро ги познава знае колку беа блиски, најмногу со песната – не беше чудо ако ги видевте како одеднаш ќе застанат и ќе запеат дует…Еден од тие прекрасни спомени Андијана Јаневска споделила на Фејсбук…
„Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, напиша Андријана Јаневска, познатата македонска пејачка, виолинистка и музички педагог, споделувајќи ја досега невидената фотографија од нејзината приватна архива, која како што напиша на Фејсбук, ја објавила со дозвола на Каролина и семејството на Тоше.
Фото: Facebook