(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СНИМКА ОД ИЗРАЕЛ: Еве што се случува после масовната имунизација на граѓаните!

ИЗРАЕЛ на своите вакцинирани граѓани им дозволил да се вратат во спортските сали, ресторани и на концерти.
Животот полека се враќа во нормала, а сцените на млади луѓе кои танцуваат во кафулињата повторно го докажуваат тоа.
Олеснувањето на мерките во Израел следеше кога се намали бројот на нови случаи на ковид 19, а повеќе од четири милиони луѓе ги примија и двете вакцини Фајзер.
Израелското Министерство за здравство размислува да ги укине правилата за носење маски на отворено.
Израелските власти имаат за цел да ги имунизираат сите возрасни, па дури и да нудат бесплатни пијалоци и оброци на своите граѓани кои сè уште се двоумат и не биле вакцинирани.
На Твитер се појави видео од кафуле во Тел Авив каде седат вакцинирани млади Израелци, пијат, разговараат и се забавуваат. Судејќи според коментарите, ова видео ги охрабри луѓето од различни делови на светот и им покажа дека за некое време сè ќе се врати во нормала.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …