(ФОТО) Во текот на ноќта во Петриња неколку земјотреси – најсилниот 3,8 по Рихтер

Во Петриња утрово после четири часот е регистриран умерен земјотрес, а се почувствувал и во Загреб. За разлика од вчера утро, ова се малку послаби земјотреси.
Ноќеска, на 31. декември 2020. година, во 04 часот и 43 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Петриња. Јачината на земјотресот била 3,7 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на 5-тиот степен на скалата ЕМС, објавиле Сеизмолошките служби.


Да потсетиме, Хрватска вчера утро беше потресена од земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели, предупредуваат сеизмолозите.
Најсилниот земјотрес со јачина од 6,3 степени Петриња ја погоди на 29 декември и однесе седум животи.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …