(ВИДЕО) Одрон во близина на Осло „проголтал“ неколку куќи – Се трага по 20 лица

Повеќе од 20. лица се водат за исчезнати, десет се повредени, а околу 700 се евакуирани во средата откако започнале одрони во мал норвешки град северно од Осло, соопшти полицијата, пренесуваат локалните медиуми.
Во градот Гјердрум, со околу 5.000 жители и оддалечен 25 километри од Осло, неколку куќи исчезнале кога започнал одронот додека луѓето сè уште спиеле.


„Одронот однесе неколку куќи. Службите за итни случаи, со помош на норвешката цивилна одбрана и армијата, го евакуираат населението”, објавила норвешката полиција на Твитер.
Норвешките медиуми објавија дека областа на свлечиштето е 210.000 квадратни метри, а околу 700 луѓе биле евакуирани од своите домови.


Се бара 21 лице
„Не знаеме дали овие луѓе исчезнаа во свлечиштето или се на одмор или не се во можност да контактираат со полицијата“, се вели во соопштението на полицијата.


Најмалку десет лица се повредени, од кои едното е пренесено во Осло со сериозни повреди.
„Полицијата го означи ова како катастрофа“, рекол шефот за операции Роџер Петерсен, кој додал дека итни повици доаѓаат од луѓе кои велат дека целата нивна куќа се движи.
Норвешката премиерка Ерна Солберг преку објава на социјалните мрежи изрази солидарност со луѓето во Гjердрум, велејќи дека „боли кога ќе види како природните сили го уништиле Гjердрум“.


Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …