Умрела најстарата Европјанка, Шпанката, Ана Вела Рубио на возраст од 116. години

Шпанката, Ана Вела Рубио, најстарото лице во Европа, умрела на возраст од 116. години и 47. дена, во дом за пензионери во Барселона.
Ана Вела Рубио, бивша кројачка, умрела во петокот, а последните четири месеци со неа во домот живеела и нејзината 90. годишна ќерка.
Ана Вела Рубио е родена на 29. октомври 1901. година во Пуенто Генил, близу Кордоба, а од 40. ттите години на минатиот век живеела во Каталонија. Таа на 15. април оваа година, кога умрела Италијанката Ема Морано која имала 117. години и 137. дена, ја презела круната на најстара Европјанка.
Со смртта на Ана Вела Рубио најстаро лице во Европа станала уште една жена од Медитеранот, Италијанката Гиузепина Пројетто која има 115. години и 200 дена.
А најстаро живо лице на светот е Јапонката Наби Тајима која има 117. години и 134. дена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …