Од утре многу ниски температури но и снег

Од денешниот неделен ден започнува северното воздушно струење со што ќе започне и заладувањето на времето и спуштање на снежната граница. Во текот на денот ќе има повремени локални врнежи и тоа сеуште од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде ќе се формира снежна покривка. До крајот на денот значително снежната граница ќе се спушти па така до навечер и во текот на ноќта кон понеделник ќе има локални врнежи од снег претежно во западните предели од државава.
Локални врнежи од снег ќе има и’ во понеделник како и во вторник претежно на запад и североисток а во вторник претежно на север и североисток. На повеќе места ќе се формира снежна покривка претежно на запад и североисток. Ќе дува северен ветер а температурите многу ќе опаднат.
Во текот на новата недела минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -3 степени додека на планинските места истите ќе се спуштат дури до околу па и под -20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -4 до 4 степени, најавуваат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …