(ВИДЕО) „Цел живот ќе морам да се борам со мојата болест“

Глумецот Бен Афлек, кој на почетокот на оваа година проговорил за својот долгогодишен проблем со алкохолот, кој довел и’ до распаѓање на неговиот брак со глумицата Џенифер Грнер, се чини одлучил да ја продолжи борбата со својата зависност.
И’ покрај тоа што бил на лекување, со желба поради своите деца да ги промени своите лоши навики,се чини дека досега тоа не му успевало за што сведочат и најновите фотографии на кои може да се види дека и’ не е во баш најдобра состојба.
Бен Афлек, накусо, бил снимен во четвртокот, пред рехабилитациониот центар во Лос Ангелес. Глумецот одел дезориентирано во друѓштво на две жени, кои му помагале да дојде до автомобилот.
Малку недостасувало, во еден момент, да удри директно во дрво кое му се нашло на патот.
Извори блиски до глумецот, меѓутоа, тврдат дека неговата желба да остане здрав и да се спротивстави на алкохолот била голема.
„Бен никогаш не се колебал во прашање на неговите приоритети. Фокусиран е на своите деца и семејството, како и на времето кое го минува со девојката Линдзи. Неговиот алкохолизам е болест со која цел живот ќе мора да се бори и на што ќе мора да остане концентриран“ рекол изворот а пренесува Даилѕ МАил.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …