(ВИДЕО) 20. ГОДИНИ ВО БРАК БЕЗ ИНТИМНОСТ: Погледнете го трејлерот за очајната домаќинка која станала порно глумица

Приказната за очајната домаќинка која, барајќи бегство од нејзиниот живот, наоѓа радост на необични места. Ова е резиме на документарецот „Моргана“.
Моргана Мусе била заробена во лош брак без љубов и секс дваесет години и еден ден сакала да му стави крај на животот.
Гладна за интимност, таа ангажирала придружник (ескорт-маж) пред да го спроведе својот мрачен план. Сепак, таа средба ги проширила нејзините хоризонти и го проширила опсегот на личната но и сексуална слобода.
Потоа, Моргана го свртува животот и станува почитувана режисерка на филмови за возрасни, како и порно актерка.
Ова е филм за жена која си го зема животот во свои раце и која сака да го живее според свои правила.
Документарецот изобилува со интервјуа, снимки зад сцената, но и снимки од еротските филмови на Моргана.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …