(ВИДЕО) Најскапа маска против корона: Злато и дијаманти и цена од 1,5 милиони долари

Израелската компанија за накит објавила дека работи на најскапата маска против коронавирус во светот, која ќе биде направена од бело злато и покриена со дијаманти, и ќе чини 1,5 милиони долари.
18-каратната маска со бело злато ќе биде украсена со 3.600 бели и црни дијаманти со ефикасни N99 филтри на барање на клиентот, изјавил креаторот на маската, Исак Леви.
Леви, сопственик на „Yven“, рекол дека купувачот имал два барања, да се заврши до крајот на годината и да биде најскапа.


Вториот услов, рекол тој, бил најлесен за исполнување.
Тој одбил да го идентификува купувачот, но рекол дека станува збор за кинески бизнисмен кој живее во Соединетите држави.
Со својата тежина од 270 грама, таа е скоро 100. пати потешка од типичната заштитна маска и веројатно нема да биде практична за носење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 најсреќни месеци во 2025 година и како најдобро да ги искористите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …