„Жената која умрела после примање на вакцината АстраЗенека имала чудни симптоми“

Жена од Данска (60) која починала од тромб откако примила вакцина АстраЗенека имала многу невообичаени симптоми, објавила Данската медицинска агенција (ДМА).
Жената имала ниско ниво на тромбоцити во крвта и згрутчување на малите и големите крвни садови, како и крварење.
Неколку слични случаи се пријавени во Норвешка, како и во базата на податоци за нуспојави на АстраЗенека на Европската медицинска агенција (ЕМА), соопшти ДМА.
„Текот на болеста беше невообичаен, поради што реагираше ДМА“, се вели во соопштението.
Потсетуваме, Норвешка во саботата објави дека тројца пациенти на возраст под 50. години во моментот се лекуваат во болница поради крварење, тромбови и ниско ниво на тромбоцити, откако ја примиле вакцината АстраЗенека, а симптомите надлежните здравствени институции ги обележаа како „необично”.
Европската програма за вакцинација е загрижена за извештаите дека вакцините на АстраЗенека предизвикуваат тромбоза, но Европската здравствена агенција соопшти дека нема индикации дека ваквите реакции биле предизвикани од вакцинацијата, која мина во петокот.
Италија, Данска, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург ја прекинаа вакцинацијата со оксфордската вакцина од серијата од еден милион дози, испратена во дури 17. европски земји. Ним им се придружија Бугарија, Норвешка, Исланд, Холандија и Ирска.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …