Возач на автобус во Белград направил нешто прекрасно за да смири расплакано бебе

ИВАН ФИЛИПОВИЌ, возач на белградскиот градски автобус на линијата 551, им докажал на своите патници дека се’ уште има добри луѓе во светот.

Филиповиќ преку разгласот во автобусот пуштил детски песни за да го смири расплаканото бебе што неговата мајка не можела да се смири. “Возачот на линијата 551 вечерва преку разглас пушти детски песни за да ми помогне да го смирам бебето”, објавила Ана Максимовиќ, мајката на детето на Твитер, и го привлекла вниманито на регионот.
“На железничката станица, влезе госпоѓа со бебе и само што тргнавме, бебето почна да плаче. Во автобусот имаше 25 степени, а надвор и повеќе од 30. степени. На бебето не му беше жешко, туку едноставно не беше навикнато на такво патување или на многу луѓе околу него. Бидејќи и јас имам бебе од шест месеци, имам многу снимени детски песни во телефонот и се сетив дека можам да ги пуштам. Решив да ја пуштам „Се разболе лисицата“ и бебето речиси веднаш се смири”,рекол Иван Филиповиќ, кој како возач работи 15. години, за Блиц.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …