„Тоа е момент кога сме среќни, не само затоа што имаме можност да ја делиме нашата радост за меѓусебната љубов со пријателите и семејството, туку затоа што имаме шанса да ги изразиме нашите желби за иднината“
69. годишниот актер Ричард Гир и Алехадра Силва, која има 35. години, се венчаа пред три месеци пред матичар, а потоа имаа семејна прослава во својот дом во Њујорк. Според пишувањата на шпанските медиуми парот го очекува нивното прво дете, а оваа информација ја потврдил и портпаролот на Алехандра.
Гир и Силва беа во врска три години, а се запознале во луксузен италијански хотел, кој таа го купила со поранешниот сопруг.Алехадра во понеделникот објавила дека таа и актерот слават три месеци брак и дека тоа е посебен момент во нивниот живот.
„Тоа е момент кога сме среќни, не само затоа што имаме можност да ја делиме нашата радост за меѓусебната љубов со пријателите и семејството, туку затоа што имаме шанса да ги изразиме нашите желби за иднината“, истакала Алехандра. Таа додава дека може да направат и духовно патување во сржта на нивниот заеднички живот.
Алехандра е ќерка на бизнисмен и поранешен потпретседател на фудбалскиот клуб Реал мадрид, Игнасио Силва. Актерот неа ја запознал додека се разведувала од сопругот, 43. годишниот геолог Говинд Фридленд, син на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд. Силва со Говинд го има синот Алберто (6).
Гир четири години беше во брак со 52. годишниот супер модел Синди Крофорд, а втора сопруга му беше актерката Кери Ловел, која има 57. години, од која се разведе во 2016 година (после четиригодишна битка околу поделба на имотот), брак од кој го имаат синот, 18 годишниот Хомер Џејмс Џигмеа.