(ФОТО) Меган тајно ќе се сретне со татко и за да „го замолчи“!

Местото и точниот датум не се познати, поради заштита на Меган и Томас. Ова е деликатно време за двајцата, но намерата е конечно да ја средат нивната врска, велат британските медиуми
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), планира следниот месец да го посети нејзиниот татко Томас Маркл (73), за да ја „смири“ нивната расправија, според британските медиуми. Имено, лошите односи меѓу нив траеле од нејзината свадба на 19. мај кога Томас не дошол оправдувајќи се со срцев удар и операција.


Но, тој, наводно, се измислил откако ја посрамотил својата ќерка да ги продавајќи ги своите фотографии пред нејзината венчавка, но и понатаму не застанува со истапи во медиумите, па Меган сакала да го запре тоа што е можно поскоро. Војвотката од Сасекс планирала тајно патување во Америка следниот месец а потоа ќе одела кај својот татко во мексиканскиот град Росарио.
„Местото и точниот датум не се познати, поради заштита на Меган и Томас. Ова е деликатно време за двајцата, но намерата е конечно да ја средат нивната врска“, велат британските медиуми.


Според извори од палатата Кенсингтон, Меган неодамна изјавила дека нејзиниот татко ја срами и ја повредува говорејќи за покојната принцеза Дијана. Тој за “Дејли мејл” изјавил дека кралското семејство и се обраќа на Меган на начин кој мајката на нејзиниот сопруг, принцот Хари (34), нема да би го одобрила.
„Принцезата Дијана го променила кралското семејство, но таа не била совршена. Таа и понатаму била една од нив. Мислам дека Меган ќе ги воведе во 21.от век ако и дозволат”, рекол Томас. Тој исто така коментирал за односот со својот зет, сопругот на неговата ќерка, принцот Хари.


„Не ми е гајле ако Хари никогаш повторно не разговара со мене. Ќе преживеам”, рекол поранешен мајстор на осветлување на филм. И покрај сè, Меган и кралското семејство сметаат дека нема смисла да го игнорираат Томас и дека поранешната актерка не може да го исклучи од својот живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …