Во вашата кујна се кријат вистински мали сојузници во борбата против разни вируси

Без разлика дали имате настинка или болка во стомакот, ако имате осип или расекотина, првата помош е во вашата кујна…
Некои домашни лекови се само бапски приказни, но некои се покажаа ефективни во текот на генерациите.

Мед
Употреба за: Мали посекотини и изгореници, кашлица и воспалено грло
Како делува: Повеќето од нас ставаат мед во чај за смирување на воспалено грло, но исто така се користи со векови за лекување рани. Истражувањата покажаа дека медот помага и во лекувањето на умерени изгореници, а неодамнешната холандска студија го изолира протеинот дефенсин – 1, кој има антибактериско дејство.
Обидете се со ова: Нанесете топол мед на помала исеченица или блага изгореница, а потоа заштитете го местото со газа и менувајте го завојот еднаш дневно. Меѓутоа, ако имате изгореници или рани кои се придружени со отоци, треска или болка, консултирајте се со лекар, бидејќи можеби ви треба антибиотик.


Сол
Користете за: синуси, болки во грлото
Како делува: Кога мешате сол со вода во поголема концентрација од солта во нашето тело, тоа ќе извлече течност од ткивата.
Пробајте го ова: За болка во грлото, растворете половина лажичка кујнска сол во чаша вода и едноставно исплакнете го грлото. За синуси, земете чисто шише со тесно грло, наполнете го со таа смеса, наведнете се над мијалникот и истурете го во ноздрите. Користете само стерилна вода или зовриена и ладена на собна температура.


Чај од нане


Користете за: варење, болка во стомакот
Како делува: Маслото во листот од нане и неговото стебло ги смируваат мускулите на дигестивниот тракт, го олеснуваат протокот на гасови и дигестивните нарушувања. Ако болката е предизвикана од рефлукс – кисело чувство на печење во градите – избегнувајте го овој чај.


Овесни снегулки


Користете за: егзема, изгореници, осип
Како делува: Овесот содржи фитохемикалии со антиинфламаторно дејство што го смирува чешањето и воспалената кожа. Повеќето лекари препорачуваат употреба на фин колоиден овес, но било кој вид ќе делува.
Обидете се со ова: овесните снегулки сомелете ги во ситен прав. Истурете ги во када со топла вода и потопете се на 15 минути. Ако користите колоиден овес, само ставете го директно во када со вода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …