(ВИДЕО) ШПАНЦИТЕ СЛАВАТ НА УЛИЦИТЕ: После 6. месеци укинат полицискиот час!

Шпанците го прославија укинувањето на полицискиот час, што траеше дури шест месеци поради пандемијата на коронарниот вирус, на улиците.
Многумина од нив се собраа на улиците да танцуваат и да пеат, но регионалните власти велат дека ќе ги спречат собирите.
Укината е вонредната состојба, а предвидена е и забрана за движење од 23. до 06. часот.


Полицискиот час престана да важи ноќта помеѓу саботата и неделата, што многу Шпанци го поздравија како слобода, масовно собирање на улиците.
Сепак, некои локални власти ги најавуваат своите ограничувања, бидејќи стапката на инфекции и смртност варира.

Во провинциите Арагон и Балеарските острови, локалните власти најавија дека ќе побараат да остане полициски час.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …