(ВИДЕО+ФОТО) УТРОВО РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИЛ ЗАГРЕБ: Има повредени, паѓале фасади, уништени автомобили…

Во 06.34 минути во Загреб имало земјотрес со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а тресело и’ во 7. часот…
Градот е тешко оштетен, во центарот на градот имало големи штети, паѓале фасади и уништени се автомобили.Паднал и врвот од кулата на загрепската катедрала, а граѓаните излегле на улиците кои биле преполни со цигли и делови од фасадите.
Има и ранети, иако во овој момент е тешко да се оцени колку загрепчани побарале помош во болниците кои и онака се преполни со заразени и заболени со корона вирусот.

Многу згради во самиот центар на градот се оштетени, ѕидовите се напукнати, како и таваните во становите. Граѓаните кои земјотресот ги разбудил доживеале шок, но сите се мирни, колку што може да се биде во такви околности.
Материјалната штета е голема, а сите исчекуваат што ќе биде понатаму и колку уште удари следат.
Оној во 7. часот бил најсилен, но траел покусо од првиот,кога градот се тресел скоро 10. секунди.


Veliki potres u Zagrebu: Srušio se kat u Zagrebu


Veliki potres u Zagrebu: Srušio se kat u ZagrebuReporter: Davor LugarićViše na https://bit.ly/3bi8iMC

Gepostet von 24sata am Samstag, 21. März 2020


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …