(ФОТО) Канцеларката плаќала со картичка: Меркел во супермаркет без придружба и заштитна маска

Во Германија се забележани вкупно 24.922 заразени од корона вирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел била забележана како купува, во Берлин. Околу 17. часот дошла во супермаркетот „Hit Ullrich“. Прво ги посетиле полиците со зеленчук а потоа и со слатки, пишува Bild.de.
Во својата количка Меркел ставила неколку производи меѓу кои вишни, сапун, тоалет хартија. Потоа се’ ставила на подвишжна лента на касата и платила со картичка.



                                                                                       Меркел во супермаркет

Инаку во Германија се забележани вкупно 24.922 заразени со корона вирусот. Сојузната агенција која во Германија е одговорна за контрола и превенција на болести соопштила дека се забележани вкупно 89. смртни случаи на луѓе кои биле позитивни на корона вирусот, што е големо зголеување во однос на претходниот ден.
Водечкиот германски медицински научник во борба против пандемијата ги повикал луѓето да се држат на растојание, но додал дека на властите е да одлучат дали ќе воведат полициски час за да ги присилат на тоа.
Треба да се земе предвид дека Германија се зема како добар пример во борбата против пандемијата, првенствено поради дисциплинираното држење на германските граѓани кои не прават паника и кои ги следат упатствата на здравствените авторитети.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави актерката Арна Шијак

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 година во Скопје како ќерка на ликовниот …