(ВИДЕО+ФОТО) ТИЕ СЕ УНИКАТНИ! Јапонците ги почитуваат правилата на улицата дури и во моменти на најголемо лудило, снимката од прославата е величествена!

Навивачите на Јапонија вчера имаа причина да слават бидејќи ја победија Германија на Светското првенство во Катар, а прославата траеше до доцна во ноќта и во оваа азиска земја.
Јапонските навивачи излегле на улиците да ја прослават победата и пресвртот на нивната репрезентација против еден од најголемите фаворити на турнирот во Катар. Видеото од прославата од Токио стана вирално на социјалните мрежи.
Секојдневно се зборува за дисциплината на Јапонците. Стадионот го исчистија по мечот меѓу Катар и Еквадор на отворањето на Мундијалот, а истото го повторија и денеска по големата победа над Германија.

Но, нема потреба да се трошат повеќе зборови за нивната педантерија, но видеото од прославата од раскрсницата Шибуја е толку величествено што обожавателите на социјалните мрежи не можат а да не се воодушеват од менталитетот на овој прекрасен народ.
Во Јапонија натпреварот завршил околу полноќ. Тоа не ги спречило илјадниците фанови на земјата да излезат на иконската дестинација Шибуја и да слават до доцна во ноќта.


Сепак, тие и за време на прославата на импресивен начин покажале колку ја почитуваат својата околина и правила. Јапонците не сакале да влијаат на сообраќајот бидејќи чекале зелено светло за пешаците да истрчаат на патот и да почнат да слават.
Кога нивното црвено светло се запалило, тие се тргнале од патот за да ги пуштат автомобилите да продолжат понатаму. И така во неколку наврати…

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …