Јапонец кој на Мундијалот во Катар пристигнал со интересен транспарент стана хит на Твитер.
„Почитуван шефе, благодарам за двете недели одмор“, напишал тој на транспарентот.
Многу корисници на горе споменатата социјална мрежа ја изразиле својата „љубомора“ затоа што овој човек успеал да го оствари сонот на многумина, т.е. да го гледаат Светското првенство во живо.
This Japan fan must have the best boss in the world 😂 pic.twitter.com/HCfwwVrGoL
— ODDSbible (@ODDSbible) November 23, 2022
Ова, секако, не е прва интересна ситуација од трибините во Катар. Имено, снимките од атмосферата од првиот натпревар кој се одигра меѓу Катар и Еквадор, а заврши неславно за домаќините, го преплавија интернетот, а една од нив се однесува и на Ѓоковиќ.
Некој забележал дека мечот од ВИП делот го гледа човек кој неверојатно наликува на српски тенисер.
Фото: Принтскрин/Twitter