Дебора Секо, бразилска водителка и актерка, предизвикала негодување со нејзината облека за Светското првенство на бразилскиот канал SporTV, а многумина ја нарекле премногу провокативна за ударниот термин.
„Дали е ова модна ревија или Светско првенство? прашал еден гледач.
View this post on Instagram
Други коментирале дека иако им се допаѓа водителката, но дека нејзината облека изгледа несоодветна за спортски настан што се одржува во Катар.
„Вие сте прекрасни, без сомнение, но мораме да почитуваме и да се облекуваме правилно за спортски настан. Уште повеќе кога настанот е во Катар“, „Дали сте запознаени со таа култура? Сосема поинаква од онаа на која сте навикнати“, се некои од коментарите.
View this post on Instagram
Водителката им одговорила на критичарите кои негодувале за нејзиниот избор на облека додека известувала од Светското првенство во Катар.
Секо им одговори на критичарите преку Инстаграм: „Не ми е гајле – јас сум тоа што сум“.
View this post on Instagram
Водителката го следи Светското првенство за бразилскиот канал SporTV во програмата „Tá na Copa“.
Инаку, таа е позната по објавувањето на модни фотографии на својот Инстаграм, на кој има повеќе од 24 милиони следбеници.
Фото: Принтскрин/Instagram