(ВИДЕО+ФОТО) Така и треба: Тамара и сопругот „мекици“ за синот славеле со музика – Браво за мама – изгледа светски!

Тамара Тодевска и сопругот Александар Димитровски, пред две недели, странаа родители на своето второ дете –синчето Дарен.
Додека Тамара беше во болница, тато Мачка само симболично уште истиот ден ги собрал пријателите во кафеана за да ги почести, но како што е и редот, за Дарен подготвувале голема прослава со мекици на која била присутна и мама Тамара.


Па така, вчеравечер среќното семејство ја собрало естрадата, спортистите, колегите, роднините, соработниците, пријателите… на голема прослава на која се пеело, пиело и славело за наследникот на Тамара и Мачка.
Меѓу гостите се најдоа: Лила Филиповска, Катарина Ивановска, Сергеј Варошлија, Перо Антиќ, Стојанче Стоилов, Миа Костова и многу други…

За забавата била задолжена група „Маестро“, но главна на микрофонот била среќната мама Тамара која пеела од народно до забавно, а пак Мачка повторно ја искинал кошулата како кога славеше за доаѓањето на Хана.
Но, мора да се признае дека мама Тамара, како за жена која станала мајка пред две ендели изгледа супер, светски!


Фото: принтскрин инста стори

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …