(ВИДЕО+ФОТО) СИМПСОНОВИ ЈА ПРЕДВИДЕЛЕ САМОИЗОЛАЦИЈАТА НА ТОМ ХЕНКС: Малку кој се сеќава на ова од 2007. година!

Обожавателите на Том Хенкс ширум светот многу драматично ја прифатиле информацијата дека актерот, како и неговата сопруга, е заразен со корона вирусот. Бидејќи денес никој не зборува за тоа, во еден момент се појави парче од долгометражниот цртан филм „Симпсонови“ како доказ дека, уште еднаш, тие „предвидоа шок вести“.


„Ако ме видите, оставете ме“, изговорил цртаниот Том Хенкс во 2007. година,а потоа тој се самоизолираше, а сега сите зборуваат за тоа.


Не само што Симпсонови, наводно, го предвиделе избувнувањето на вирусот, туку тие исто така понудиле решение во форма на огромна купола која во една пригода ја подигна Агенцијата за заштита на животната средина.
Инаку, оваа цртана серија досега предвидела бројни големи настани – од изборот на претседателот Трамп, расправијата со машината за гласање во САД и кризата со ебола 2014-2016. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три дена студентски настани на тема Humanity vs Technology – предавања, инспиративни говори и промоција на книга

Од 04-06 ноември 2024 година ќе се одржат студентски настани на тема Humanity vs Technology …