(ВИДЕО) ШПАНСКИ ЛЕКАР ОБЈАСНУВА: Епидемијата ќе трае 4. месеци

Во Шпанија, втората земја во Европа по бројот на заболени од коронавирусот по Италија, епидемијата може да трае четири месеци, изјави шпански службеник од здравствените служби.
„Воведените мерки ќе имаат ефект од десет дена за да се запре ширењето на вирусот корона, но нема да дојде до запирање на неговото пренесување и завршувањето на оваа епидемија. Во најдобар случај, ќе бидат потребни уште еден месец и половина или два месеци.Ако работите не одат како што треба, ќе трае меѓу три или четири месеци“, рекол претставник на центарот за мониторинг на коронавирусот во шпанското Министерство за здравство, Фернандо Симон.
Тој истакнал дека од недела бројот на заразени лица рапидно се зголемува.


Во средата, во Шпанија, имало пријавено 2.231 случаи. 55 луѓе починаале, а 183 се опоравени.
Во главниот град Мадрид, се наоѓаат половина од болните. Во среда, гво Мадрид и околината се затворени градинките, училиштата и факултетите, а од четврток ќе бидат затворени музеи, базени, театри, библиотеки и други културни и спортски центри.
Некои вработени работат од дома откако владата ги повика компаниите да обезбедат работа од дома.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Убавината на руските марами

Марамите во Русија отсекогаш биле голем хит. Нивната првична намена е да ја загреат глава …