(ВИДЕО+ФОТО) СЕ’ ЗА ОДНОСОТ НА СНААТА И СВЕКРВАТА: После 24. години од смртта на принцезата Дајана откриено колку била блиска со кралицата Елизабета

Дури ни 24. години по смртта на принцезата од Велс, не се познати сите детали од нејзиниот живот, а една од големите енигми бил односот помеѓу снаата и нејзината свекрва, британската кралица Елизабета.
Пред 24. години, на последниот ден од август 1997. година, саканата принцеза од Велс, Лејди Дајана, го загуби животот во Париз.
Многу се знае за нејзиниот живот, кој заврши предвреме, веројатно многу повеќе отколку што таа самата би сакала.
Од неуспешниот брак со принцот Чарлс, деновите на мајчинството, до љубовните врски, за принцезата Дијана ср уште се пишува секој ден, а светот се уште е опседнат со неа.


View this post on Instagram

A post shared by Princess Diana Frances Spencer (@dianaa.spencer)


Сепак, помалку од односот со Чарлс, помалку од односот со Вилијам и Хари и Сара Фергусон, најмалку се знае за нејзината вистинска врска со свекрвата, кралицата Елизабета.
Се чини дека по речиси три децении, правата вистина не може целосно да се открие, и сигурно е дека британската кралица нема да зборува за тоа, но некои детали ги откриле луѓе кои им биле блиски.
Овие детали формираат една приказна од која може да се заклучи каква врска негувале Дијана и Елизабета.


Познато е дека како мала, Лејди Ди живеела на имот во Сандрингам и ги поминала деновите со принцовите Ендрју и Едвард.
Секако, таа морала да ги следи правилата пропишани во врска со кралското семејство уште од рана возраст, така и била израсната и ја запознала кралицата долго пред да се омажи за Чарлс.
Уште во 2001. година, кралскиот биограф Ингрид Стјуард напишала дека кралицата го одобрила бракот на Чарлс со Дајана не со зборови, туку со гестови.
Ова вклучувало климање со главата и суптилни изрази на лицето, но од кои било јасно дека има добро мислење за Дајана.

Покрај тоа, еден многу важен гест на кралицата Елизабета покажал дека таа ја цени Дајана повеќе од многу други.
Една година откако се омажила за Чарлс, загинала Грејс Кели и Лејди Дајана побарала да биде претставник на семејството на тој важен погреб.

Интересно, иако Чарлс се спротивставил, Дајана не се откажала, туку побарала одобрување од кралицата. Иако имала само 21. година, кралицата се согласила Дајана да присуствува на тој погреб.
Ингрид Стјуард напишала и за тоа дека Дајана знаела да дојде во Бакингемската палата ненајавено кога сака да разговара со кралицата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …