(ВИДЕО+ФОТО) ПОСЛЕДНИТЕ 30 МИНУТИ ОД ЖИВОТОТ НА ЏОРЏ ФЛОЈД: Детална анализа на убиството кое Америка ја претвори во воена зона -„Најмалку 16. пати рекол дека не може да дише!

Коленото на полицаецот Шовин на вратот на Флојд било осум минути и 46 секунди…
Смртта на Флојд доведе до масовни протести ширум САД


Клучните настани што доведоа до смртта на Џорџ Флојд, црнец кој бил задушен од белиот полицаец, Дерек Шовин, проследени со насилни протести низ САД, се случиле во рок од само 30. минути, кои медиумите ги реконструирале, а се засновани на изјави на сведоци, видеа и официјални извештаи.
Флојд (46) почина откако беше уапсен пред продавница во Минеаполис, Минесота, на 25. мај, откако продавачот се јавил во полицијата, обвинувајќи го за купување цигари со фалсификувана банкнота од 20. долари.


Седумнаесет минути откако пристигнал првиот автомобил на местото на настанот, тројца полицајци го држеле Флојд на земја, кој не покажа знаци на живот.
Се’ започнало на раскрсницата на 38-та улица и авенијата Чикаго во Минеаполис, каде вечерта на 25. мај бил паркиран синиот џип, управуван од Флојд.
Џипот на Флојд бил паркиран наспроти продавницата „Кап Фудс“, каде ги купил цигарите.
Во 19:57 часот по локално време, двајца работници ја напуштаат продавницата и доаѓаат до паркираното возило барајќи Флојд да ги врати цигарите што штотуку ги купил, но на работното место се враќаат со празни раце, според реконструкцијата на настанот направен од Њујорк Тајмс.


Само четири минути подоцна, во 20:01 часот, повикале полиција и пријавиле дека Флојд цигарите им ги платил со фалсификувана банкнота од 20 долари. Како што се гледа од објавените записници од разговорот, тие известуваат дека Флојд е „ужасно пијан“ и дека „тој не може да се контролира“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …