(ВИДЕО+ФОТО) Поради докторката Нина Цаца Биљановска, која ќе биде разрешена после изборите, во изолација се 64 здравствени работници од Кожната клиника и 24 пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција посочи дека двајца челенови од семејството на заразената докторка Нина Цаца Биљановска се во изолација, а сите 64 вработени во Клиниката за кожни болести ќе одат во домашна излоција.
Покрај тоа изолирани ќе бидат и пациентите кои биле хоспитлизирани на клиниката, како и 13 лица кои се лекувале во дневната болница.

Министерот информираше дека во текот на викендот се одржала и конфенренција во врска со кожни болести на која учествувале 103 професионалци од областа. И кај нив е изречена мерка за домашна изолација. Меѓу нив имало и 3 грчки гости, па министерот го исзвестил својот колега за случајот. Филипче информираше дека салата каде се одржала конференцијата веќе е исчистена и дезинфицирана.


Министерот додаде дека во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти – еден пациент со симптоми кој престојувал во Бугарија и неговата сопруга, патник од Сингапур, наш државјанин, кој се вратил дома, четвори лица кои биле во контакт со заразената двојка од Дебаре и еден пациент од Гевгелија.
Резултатите за овие лица ќе излезат во исто време и јавноста ќе биде информирана за нивната состојба.
Министерот нагласи дека против докторката Нина Цаца Биљановска ќе се преземат казнени мерки, не сега бидејќи е предизборие, но потоа.
„Целата клиника е затворена 14 дена и одговорност ќе има за сите што не се придржуваат на пропишаните мерки“, кажа Филипче.
Министерот апелираше информации да се преземаат дирекно од ресорното Министерството, поради паника од лажни информации, кои како што кажа, се користат за добивање на дневно политички поени.


Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија примариус д-р Нина Цаца Биљановска била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.
Таа е четвртиот пациент со коронавирус во Македонија и од денеска се наоѓа на Инфкетивната клиника во Скопје, со лесна клиничка слика.
Инаку таа е сестра на судијката Маргарита Цаца Николовска.



Денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренција изјави дека е разочаран од нејзиното однесување.
Таа во саботата одржала и предавање на стотина колеги кои учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.
Лекарката на работа била веќе една недела. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …