(ВИДЕО) НОВ УСПЕХ НА СЦЕНАТА НА „ГРАНД“: Македонката Мими Јовановска го крена жирито на нозе, публиката во солзи

Јовановска настапи со две песни кои бараат посебна и различна мајсторија во изведбата, од Пепи Бафтировски и Уснија Реџепова…
Македонската кандидатка Мими Јовановска од Велес која има само 19. години го воодушеви жирито од „Ѕвездите на Гранд“ кое стана на нозе додека таа го имаше својот настап…
„Нема ништо поубаво од тоа да се слушне некој кој знае да пее. Сите плачат поради тебе Џенане“, изјави Снежана, со оглед на тоа дека Џенан Лончаревиќ, како член на гостинското жири, е ментор на нашата Јовановска. Џенан исто така беше воодушевен, а потоа започнаа да се редат и коментарите.
„Пееше како најскапиот швајцарски часовник“, изјави Марија Шерифовиќ, а Ана Бекута се надоврза:
„Ја запознав Мими, таа оваа песна не ја слушнала претходно, никогаш не ја пеела. Таа го направи тоа феноменално“.
Нејзиниот настап можете да го погледнете во следното видео, поточно на 50 минути и 20 секунди.


„Инаку, Јовановска настапи со две песни кои бараат посебна и различна мајсторија во изведбата. Првата беше прославената песна од легендарниот Пепи Бафторовски, која пред неколку години ја препеа Каролина Гочева, „Ако згрешам дека изгорам“, а втората за која Ана Бекута откри дека Мими воопшто ја нема слушнато, а сепак одлучила да ја испее е песната „Животе мој“ од прочуената Уснија Реџепова која бара посебна дикција и ритмичност, во самата интерпретација“, пишува Билјана Биба Крнческа за „Свет – Австралија“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …