„Ооо, леле“, успеал Бред накратко да коментира кога ја видел Џенифер.
Двојката подоцна била снимена како си честитаа еден со друг, нежно допирајќи се и се насмевнувајќи се еден на други, а Бред во еден момент и ја фатил раката кога таа се оддалечила од него, покажувајќи им на сите дека не сака да го остави.
Џенифер и Бред се разведоа во 2005. година по неговата љубовна врска со Ангелина Џоли, која подоцна стана негова втора сопруга. Поточно, тие се венчаа во 2014. година, а се разведоа две години подоцна, а официјално го завршија нивниот развод минатата година. За разлика од Ангелина, Џенифер остана во пријателски односи со Бред, а долго време се шпекулира дека нивната љубов повторно се разбудила.