(ВИДЕО+ФОТО) По веста дека е умрен се огласи Игор Џамбазов:Македонијо прибери се!

Синоќа македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на полувреме на омилените натпревари решил да прошета по порталите и видел дека е умрен …
Божем, итно бил префрлен во болница, опериран но…


Но, Игор на би бил Игор ако не одговори на вакви измислени провокации…
Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов преку видео на Инстаграм докажа дека е жив и здрав.
Ако се обидете да ја отворите страната каде што е веста за Игор Џамбазов ќе добиете знак дека страницата не е пронајдена, но затоа насловот е зачуван на главната страна на овој медиум.


По објавената вест од страна на „Вечер.мк, која ја пренесоа многу медиуми, актерот револтиран снимил видео порака со која им порачува на хејтерите дека за неговата умирачка како што вели тој ќе се почека малку. Тој гласно порача: Македонијо, приберисе!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …