(ВИДЕО+ФОТО) Објавен првиот трејлер од авантуристичката комедија „Free guy” во кој глуми Рајан Рејнолдс

Објавен е трејлерот за „Free guy” во кој глуми Рајан Рејнолдс. Во епската авантуристичка комедија „Free guy” на Twentieth Century Fox, Рајан Рејнолдс го игра ликот на банкар кој открива дека тој всушност е играч во позадина во видео-игра на отворен свет.


Одлучува да стане херој на сопствената приказна. Во светот каде нема ограничување, тој одлучува да го спаси својот свет пред да биде предоцна.


Во филмот освен глуми Рајан Рејнолдс играат и Џоди Комер, Џо Кери, Лил Рел Хаури, Уткарш Амбудкар и Таика Ваитити. Режијата ја потпишува Шон Леви, а за сценариото се задолжени Мет Либерман и Зак Пен.


За продукцијата биле задолжени Рајан Рејнолдс, Шон Леви, Грег Берланти, Сара Шехтер и Адам Колбреннер со Мери Меклаглен, и Џош Меклаглен, Џорџ Дејви, Ден Левин и Мајкл Рајли Мекграт, кои биле извршни продуценти.


Премиерата на овој филм се очекува на 3. јули 2020 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …