(ВИДЕО+ФОТО) ГОДИНЕШЕН ХИТ: „Џокер“ номиниран во три категории за престижната филмска награда 7th Critics

Филмот „Џокер“, во кој својата улога на кариерата ја оствари Хоакин Феникс, е номиниран за престижната награда 7th Critics и тоа во категоријата најдобра фотографија, најдобар актер и најдобра филмска адаптација.
Оваа информација беше објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на овој филм, со честитки до сите кои учествуваа во неговото создавање и дистрибуција.


Поради огромниот успех на „Џокер“, веќе некое време се шпекулира дека може да добие и продолжение. Иако сè уште нема потврда, режисерот Тод Филипс не ја исклучува оваа можност.


Филмот заработи 988. милиони долари од доаѓањето на големите екрани на почетокот на октомври, иако филмската екипа имаше буџет од само 55 милиони долари за продукција.


 


Да потсетиме дека, можеби, најголемиот филм хит во 2019. година е трансформација на депресивен комичар, кој е злоставуван од општеството и кој се претвора во насилник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …