Денеска во МСУ: Предавање на Лорен Андрес во МСУ на тема „Градовите и привремениот урбанизам“

Денеска, во 18.30 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање ќе одржи Лорен Андрес, професорка по Урбани студии на Универзитетот во Лондон (UCL University College London) Велика Британија.
Предавањето насловено „Градовите и привремениот урбанизам“ се однесува на прашањето како „привремениот урбанизам“ може да претставува одговор на специфичните потреби на градовите, односно да биде пристап кон трансформацијата на нивните социо-економски простори и урбани контексти. Значењето и практикувањето на привремениот урбанизам, не е податлив само за архитекти и урбанисти, туку станува применуван и од уметници во нивното делување и креирање на содржини и пораки во јавните простори на градовите.
Лорен Андрес е професор по Урбани студии на Универзитетот во Лондон, Велика Британија. Нејзините истражувачки и академски интереси се фокусираат на урбаната географија и урбаното планирање во различни просторни и временски опкружувања. Ова ја подразбира динамиката на социјалните, политичките и економските промени во градовите и нивното влијание на различните простори, како и урбаната и животната средина. Нејзините публикации се застапени во престижни списанија како Urban Studies, Environment and Planning А, Urban forum, Regions, International Journal of Urban and Regional Research, Regional studies…
Андрес има комплетирано тринаесет меѓународни интердисциплинарни истражувачки проекти во Европа, Јужна и Источна Африка и Бразил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …