На Скаут му давале само 1 отсто шани да преживее, но неговиот сопственик не бил подготвен да се откаже од него.
Болеста му била дијагностицирана во летото 2019. година, кога паднал. Му бил дијагностициран карцином, а неговите ветеринари му предвидувале да живее уште еден месец. Неговиот сопственик, основач и извршен директор на „WeatherTech“, кој продава делови за автомобили, не сакал да се збогува со него. Одлучи да не го успие, и покрај црните прогнози.
„Помислив дека нема шанси да го успијам тоа куче. Апсолутно нема шанси“, рекол тој.
Наместо тоа, го одвел на ветеринарниот факултет, каде минал циклус на хемотерапија и зрачење. Денес, неговата болест скоро целосно се повлекла.
Рекламата на МекНил на Супер Бол е долга 30. секунди а се вика „среќно куче“. Целта е да се допрат луѓето да донираат пари за неуморните ветеринари како оние кои го спасиле Скаут.