(ВИДЕО) БРАВО – НЕПОДВИЖЕН Е, НО НА ГРБОТ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ ГО ПРОПАТУВАЛ СВЕТОТ:Соништата ми се остварени!“

Кеван е роден со атрофија на ‘рбетниот мускул, што влијае на нервниот систем кој го контролира движењето на мускулите. Никогаш не направил ниту еден чекор, а пријателите го однеле низ цела Европа.
Кеван Чендлер (32) е еден обичен човек со извонредна приказна. Овој 32.годишник живее во Форт Вејн, Индијана, со двајца цимери и сака да патува. Во текот на летото 2015. година, тој и неговите пријатели поминале три недели патувајќи низ Европа, заедно истражувале и низ цела Кина. Кеван ги доживеал сите неверојатни работи за кои туристите сонуваат.
Тој го започна и светското движење „Го носиме Кеван“, кое станува сè попознато секој ден. Тој е најмладиот во семејството и споделува посебна врска со неговата сестра Кони, која исто така страда од мускулна атрофија.
„Одам низ животот со семејството, чекор по чекор“, рекол Кеван за USATODAY.


„Нашите родители се многу креативни, па ни помогнаа да сфатиме како да се бориме за живот со полни гради. И’ додека сестра ми растеше, таа некако ми го отвори патот и ми отвори многу врати“, вели овој светски патник.
Тој признава дека дури и по 30 години, не се навикнал на неговата состојба …
„Јас имам 32 години и рацете сè уште ја губат силата. После толку години, тоа е баш фрустрирачки. За време на моето средно училиште и колеџот најмногу ослабнав“, вели тој.
Кеван го поминува своето време во подигнување на свеста за лицата со болести како неговата. За разлика од неговата сестра која поради својата состојба зема „Спинраза“, Кеван одбил лекување и лекови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …