Кога ветеринарите го спасиле неговиот седумгодишен златен ретривер, Скаут, кој бил болен од рк, Дејвид Мек Нил одлучил да им заблагодари со реклам вредна 6. милиони долари која ќе се емитува на Супер Бол.
Но, тоа не е најдобриот дел. МекНил одлучил да ги поттикне луѓето да донираат пари на истите овие ветеринари, а сите средства собрани преку рекламата ќе одат на ветеринарниот факултет, кој ќе може да набави нова опрема. Нивнотите истражувања не само што ќе влијат на третманот на рак кај животните, туку и кај луѓето.
“Болеста на Скот нè изненади и скрши. Затоа сакавме на годинешниот „Супер Бол“ не само да ја подигнеме свеста за карциномот, туку и да се помогне, со финансии, на неверојатните истражувања и иновативните третмани што се случуваат на Универзитетот за ветерина во Висконсин, каде Скаут сè уште се пациент”, порачал во изјавата.
„Сакавме да го искористиме максимумот внимание за да ја истакнеме приказната на Скаут и овие неверојатни достигнувања, кои не се ограничени само на помагање на кучиња и домашните миленици. Ова истражување ќе помогне во развој на третмани за луѓето а тука е потенцијалот да се спасат милиони животи од сите видови“, додал тој.
Деканот за факултетот по ветерина на универзитетот Висконсин, Марк Маркел, рекол дека ова не е нова можност само за нивниот факултет, туку за ветеринарната медицина ширум светот.
“Толку многу од она што е познато денес низ целиот свет како најдобри начини за дијагностицирање и лекување на сериозни болести потекнува од ветеринарната медицина. Среќни сме да им покажеме на гледачите на Супер Боул како животните како Скаут и луѓето имаат корист од нашата професија”, рекол тој.