(ВИДЕО+ФОТО) Култната „Земјо моја“ наскоро во изведба на Ѓоко Ѓорчев и Катерина Танева

Ѓоко Ѓорчев и Катерина Таневска по „Земја библиска“ и „Последен танц“ подготвуваат нешто сосема ново – култната „Земјо моја“ која ретко кој кој живеел во бившата држава не ја знае…

 



Ѓоко Ѓорчев, ветеранот на македонската забавна музика, заедно со својата колешка Катерина Танева, која публиката ја знае како вокалистка на групата „Нели ти реков“, наскоро ќе го снимат својот трет дует. Станува збор за македонска верзија, на еден голем евергрин од бившите ЈУ- простори, песната „Земјо моја“ која, своевремено ја отпеа Исмета Крвавац. Автор на оригиналниот македонски текст е Огнен Неделковски, а аранжманот го направи Владимир Дојчиновски.


„Наскоро со и Кате влегуваме во студио, а веќе се прават подготовките и за снимање на спот за нашата верзија на песната ‘Земјо моја’, која не враќа во некое убаво и среќно време и се надевам дека и публиката ќе го препознае тоа во нашата интерпретација. Среќни сме што ќе отпееме една антологиска песна, која се надевам ќе допре до срцата на многу луѓе и ќе биде прифатена од публиката. Во видеото ќе можат да се видат убавините на нашата земја, а телевизија Сител ќе застане зад неговата реализација“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.
Снимањето почнува идната недела, а по реализацијата на видеото, во план е и промоција на спотот за „Земјо моја“ во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …