(ФОТО) НЕ МУ ВЕРУВАЛЕ: Брена и Боба не сакале да инвестираат во Новак Ѓоковиќ и загубиле тешки милиони!

Пред точно 17. години таткото на легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, ги замолил Брена и Боба да инвестираат околу 500.000 евра во тогаш 15. годишната млада надеж.
Пензионираниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ (56) и неговата сопруга Лепа Брена (58) пред 17. години пропуштиле одлична деловна понуда, пренесува Курир.



Пред точно 17. години таткото на легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, ги замолил Брена и Боба да инвестираат околу 500.000 евра во тогаш 15. годишната млада надеж.Парот проценил дека таквиот потег би бил „фрлање пари“.
Курир пишува дека Брена и Боба пропуштиле вистинска прилика. Имено, договорот на само 10. години би им донел вистинско богатство. На сметката би имале 36. пати повеќе од вложеното, поточно 18. милиони евра.



„Боба го одби Срѓан. Му рече дека Новак е добар тенисер но препреките беа – болно срце и татко кој е ‘тежок’ за соработка. Да вложеа во него сега би имале 15. отсто од секоја негова награда или спонзорски договор. За десет години би собрале 18. милиони евра. Еднаков дел од колачот би припаднал секому кој тогаш бил подготвен да инвестира“, открил извор за магазинот Star.



„Барам деловен партнер со кого ќе потпишеме професионален договор. Тоа во светот се прави последните 20 – 30 години. Бараме луѓе кои сега би вложиле пари во Новак, а подоцна кога тој ќе стане играч и ќе направи резултати ќе го добие својот процент“, зборувал пред 17. години Срѓан Ѓоковиќ.

 

Се чини дека сето ова се случило според онаа народната „кој знае зошто е тоа добро“…Семејството Ѓоковиќ претрпе големи жртви за тениското школување на Новак…„Позајмував пари од лихвари за да на децата им купам млеко и леб“, беше искрен во една изјава Срѓан…Но, токму поради немањето доверба и одбивањето на спонзорство некој е сега посиромашен за 18. милиони евра (пари кои секому добро би му дошле), а Новак Ѓоковиќ и неговото семејство има чиста сметка…која во моментов кај Новак е $134,684,000 само од награди на турнири.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …