Ти си лавица. Ќе го издржиш ова. И јас минувам низ иста ситуација и знам како се чувствуваш. Моите молитви се со тебе и се надевам дека наскоро ќе те гледаме во некои нови филмови,се само некои од коментарите под фотографијата…
Минатата година американската глумица Селма Блер (46) проговорила за дијагнозата на мултипла склероза и признала дека поради болеста паузирала со кариерата и снимањата. На социјалните мрежи редовно ги известува своите следбеници за својата здравствена состојба.Последната фотографија посебно ги трогнала бројните фанови.
Глумицата покажала дека ја избричила главата и открила дека се подвргнала на радикален третман во лекувањето. Во описот се заблагодарила на медицинскиот персонал, но и на верните следбеници и додала дека е подготвена на се.
„Ти си лавица. Ќе го издржиш ова. И јас минувам низ иста ситуација и знам како се чувствуваш. Моите молитви се со тебве и се надевам дека наскоро ќе те гледаме во некои нови филмови,се само некои од коментарите под фотографијата…
„Ти си лавица. Ќе го издржиш ова. И јас минувам низ иста ситуација и знам како се чувствуваш. Моите молитви се со тебве и се надевам дека наскоро ќе те гледаме во некои нови филмови,се само некои од коментарите под фотографијата…
Селма своевремено не ни помислувала дека е болна туку само исцрпена и уморна, но кога отишла на бројни испитувања ја дознала вистинската состојба. Зад неа се бројни терапии, а успала да се појави и на последното доделување на Оскарите каде по црвениот тепих прошетала користејќи бастун бидејќи не е во состојба сама да оди. Болеста ја врзала за креветот и повеќе не можела да се грижи за синот.
„Се чувствувам многу болна. Повраќам и сите останати работи кои не е пристојно да ги спомнувам. Мојот син избега од мене. Требаше да го однесам во школо. Лекарските третмани си го земаа своето. Морам да го издржам сето ова. Сите ние. Ова ќе помине. Ова е порака на сите мајки и татковци кои ги гледаат своите деца кои боледуваат и се надеваме дека ќе биде подобро. Покрај вас сум. Мило ми е што ова ми се случува мене, а не на моето дете. Повеќе ниту не можам да замислам да се чувствувам подобро. А сеуште е утро. Ќе преживееме“, напишала неодамна глумицата на социјалните мрежи.