Идејата за настапот наводно потекнувала од самата војвотка од Кембриџ. Имено, таа како многу млада почнала да оди на часови по пијано. Војвотката и Вокер свиреа во Вестминстерската опатија пред 1.200 гости, внимателно избрани за овој празничен настан – имено, поканата за концертот ја добиле само оние кои значително придонеле за нивните заедници и за земјата, особено во овие тешки, пандемични месеци.
View this post on Instagram
Светски познатиот хор на црквата Вестминстер се појави на ТВ преносот на концертот Together At Christmas заедно со поп-ѕвездите Леон Луис, Ели Гулдинг и Том Вокер, кои во друштвото на војвотката ја испееле неговата позната празнична песна „For Those Who Can’t Be Here“. Многу познати личности ги читале нивните песни, а меѓу нив бил и принцот Вилијам.
Војвотката Кејт Мидлтон во октомври присуствувала на настанот Forward Trust во октомври, каде што го запознала Вокер и го слушнала како ја изведува Leave a Light On, неговата позната песна за борбата против зависноста на сите оние кои западнале во такви проблеми.
Потоа му предложила да свири со него на песната „For Those Who Can’t Be Here“ за време на концертот Together At Christmas во Вестминстерската опатија, што на крајот се случило на обострано задоволство, но и на задоволство на публиката ширум светот.
View this post on Instagram
Пред концертот, Кејт пред публиката зборувала за важноста на музиката.
„Музиката ми беше многу важна за време на пандемијата. Бидејќи музиката слави добра волја, чинови на љубезност, љубов, емпатија и сочувство, ни помага да ги поминеме овие предизвикувачки времиња“, рекла Мидлтон.
Покрај свирењето на клавир, Кејт претходно научила да свири на флејта, а како мала настапувала и со училишниот хор.
Фото: Принтскрин/Instagram