(ВИДЕО+ФОТО) КЕЈТ МИДЛТОН СВИРЕЛА ПИЈАНО И ВООДУШЕВИЛА: Концертот во Вестминстерската опатија за Бадник бил незаборавен!

Војвотката од Кембриџ го придружувала пејачот Том Вокер на пијано како дел од изненадувачкиот настап на концертот Together At Christmas, кој во Обединетото Кралство се емитувал на Бадник.
Кејт Мидлтон „потполно воодушевила“ со својот прв јавен настап на пијано, јавуваат англиските медиуми.
Војвотката од Кембриџ го придружувала пејачот Том Вокер на пијано како дел од изненадувачкиот настап на концертот Together At Christmas, кој во Обединетото Кралство се емитувал на Бадник.
„Без сомнение, тоа беше уникатно искуство во животот“, рекол Вокер за нивниот дует.


„Мислам дека тоа потполно растури со настапот. Не е лесно да седите на клавир со еден куп музичари со кои никогаш не сте свиреле или снимале, во живо пред камера. Но, таа потполно успеа“, рекол Вокер, додавајќи дека Кејт Мидлтон е „слатка, љубезна и срдечна личност“.

„По настапот, таа одвои време лично да им се заблагодари на сите за можноста да свириме заедно. Беше луд ден за мене, да бидам на толку убаво место, да свирам со војвотката и мојот бенд, гудачкиот квартет. Ден кој сигурно нема да го заборавам“, изјавил Вокер за англиските медиуми по настапот.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …