(ВИДЕО+ФОТО) Капачите се преплашиле кога виделе што допливало на плажата

Плажите во јужноафриканскиот град Дурбан се затворени поради коронавирус, а храбрите пливачи се преплашиле од неочекуван посетител. На плажата е снимена црна мамба долга два и пол метри, една од најпознатите отровни змии во светот.
Снимките се споделиле на социјалните медиуми, а на нив се гледа змијата што се бори против брановите. На местото на настанот дошле членови на Институтот за истражување на морињата, и како што рекле, биле доста скептични кога граѓаните ги повикале бидејќи штом некој во таа земја ќе види голема црна змија, мисли дека гледа во црна мамба.


Black mamba on Addington BeachToday at 13:00 Metro Search and Rescue contacted SAAMBR because there was a large Black…

Gepostet von Saambr am Dienstag, 25. August 2020


Сепак, кога пристигнале на плажата, биле поздравени од црната мамба долга 2,47 метри.
“Таа беше толку исцрпена, што едвај нè виде. Ја фативме без проблем и за среќа таа остана мирна додека ја префрливме назад во нашите простории за да утврдиме во каква состојба се наоѓа”, велат од институтот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …