„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ НА КНИГАТА ВО ПЕКИНГ

Вчера (25 август) во Пекинг,  се одржа форум на Здружението на издавачи на Кина и Централна и Источна Европа 17 +1, на кој, со свој говор, ќе учествува и Нове Цветаноски, управител на „Македоника литера“, која пак е член на асоцијацијата уште од нејзиното основање. Форумот ќе се одржи на интернет-платформа, а темата е преведувањето на класици од општествените науки и заемното учење меѓу цивилизациите.


Од денес, 26 август, до 30 август, во Пекинг, Народна Република Кина, ќе се одржи 27. Меѓународен саем на книгата


, на кој, поради ситуацијата со корона вирусот, доминантно учество ќе имаат кинеските издавачи. На саемот своевидно учество ќе има и „Македоника литера“, чии македонски изданија на кинески книги ќе бидат изложени на штандовите на издавачите – партнери со коишто соработува „Македоника литера“. Изданија на „Македоника литера“ на овој саем беа изложувани и во изминатите три години. Годинашниот меѓународен саем на книгата во Пекинг ќе се одржи под мотото „Живеј читајќи“, а една од поголемите манифестации на саемот ќе биде изложбата на книги за деца, на која ќе бидат изложени десет илјади наслови на 14 јазици, меѓу кои и на македонски. Имено, ќе биде изложена серијата на македонски јазик „Најдобрата кинеска литература за деца“.


Инаку, Меѓународниот саем на книгата во Пекинг ќе има и интернет верзија, а ќе се одржи еден месец подоцна, односно од 26 до 30 септември и на кој, исто така, ќе учествува „Македоника литера“.

„Македоника литера“ учествуваше и на Првиот меѓународен виртуелен саем на книгата во Кина, кој се одржа на крајот на јули годинава, а го организираше глобалната кинеска медиумска корпорација Кинеска интернационална издавачка група (ЦИПГ).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …