Ирина Шајк сподели фотографии од својот одмор. Со објавувањето на фотографии на кои позира во костим за капење, таа се пофали со својот неверојатен изглед и извајаните стомачни мускули.
На фотографијата Шајк позирала пред огледало во дводелен црн костим за капење, а фокусот бил на нејзиното извајано тело и стомачните мускули.
Долниот дел на костимот се состоел од ткаенина во форма на „V“ со прерамки кои поминуваа преку нејзиниот затегнат стомак, додека горниот дел од бикини во стил на врзување околу вратот бил изработен од истата боја и материјал.
View this post on Instagram
На втората фотографија нејзиното лице едвај се гледа, но во центарот на вниманието е нејзиното тело и костимот што го носела.
37-годишната манекенка неодамна украси три различни насловни страници за мексиканското издание на магазинот „Вог“. Тие ги ангажираа стилистката Валентина Коладо, фризерката Џејмс Пецис и шминкерот Сем Висер за да ги креираат кориците.
View this post on Instagram
За споменатото списание, Ирина ги претстави трендовите на сезоната, вклучувајќи „летни нијанси на зелена, леопард принт, проѕирни парчиња, вештачко крзно, тантела и максималистички додатоци“.
Фото: Принтскрин/Instagram