(ФОТО) УБАВА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА – Пирс Броснан фотографиран со сопругата Кили Шеј

Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст, изјавил актерот…
Холивудскиот актер Пирс Броснан бил фотографиран со 10 години помладата сопруга, новинарката и писателка Кили Шеј, во Малибу, каде заедно отпатувале на презентацијата на книгата на Полина Поризкова. Двојката ускладила темни комбинации.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial)



Во брак се 22 години
Тие се во брак 22 години и ја имаат една од најубавите љубовни приказни во светот на славните. Тие се запознале во 1994 година во едно кафуле во Мексико, а актерот тогаш минувал низ тежок период од животот. Неговата прва сопруга Касандра Харис, со која беше во брак 11 години, починала три години претходно од рак на јајниците.

This image has an empty alt attribute; its file name is pirs-brosnan-so-soprugata.jpeg
Актерот со Касандра го има синот Шон, а ги посвоил и нејзиниот син Кристофер и ќерката Шарлот. Броснан често нагласувал колку Кили му помогнала да помине низ тешкиот период и дека го спасила од депресија, а потенцирал и колку му помогнала кога неговата ќерка Шарлот починала од рак на јајниците во 2013 година на 42 години, исто како и нејзината мајка. Касандра.
– Ја има таа сила во себе без која не би можел да живеам. Кога ќе ме погледне, цел се тресам. Да барав милион години, немаше да најдам таква жена како Кили – изјавил актерот во едно од интервјуата.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial)

„Таа секогаш ме соборува одново и одново“
Броснан и Кили се во брак од 2001 година и имаат два сина, манекенот Парис и актерот Дилан. Актерот низ годините се соочувал и со напади на сопругата бидејќи се здебелила, притоа нагласувајќи дека „не му треба никаков супермодел, туку вистинска жена“.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial)


– Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ќе ме погледне, повторно и повторно ме соборува од нозете и чувствувам дека колената ми се тресат – објаснил Пирс во една прилика. Тој признал дека не само јавноста ја коментира фигурата на неговата сопруга, туку и нивните пријатели. Тој рече дека еднаш дури и понудиле да и платат операција за намалување на килограмите, но тој бил категорично против тоа.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial)


– Ја обожавам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што таа е мајка на нашите деца. Во минатото навистина ја сакав поради личноста што е, не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе поради тоа што е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов – изјавил актерот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …